Зошто Енди Мареј им го зема местото на младите тенисери

epa08701975 Andy Murray of Britain in action against Stan Wawrinka of Switzerland during their men?s first round match during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 27 September 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Поранешниот грен слем шампион Матс Виландер го критикуваше настапот на Енди Мареј на Ролан Гарос.

Британецот во првото коло на Ролан Гарос доживеа убедлив пораз од Станислас Вавринка во три сета со 6:1,6:3,6:2.

По поразот на Мареј кој последните две години ретко игра тенис поради повредата и двете операции на колкот, Британецот доби сериозни критики од аналитичарот на телевизијата „Евроспорт“, Матс Виландер.

Би сакал Енди Мареј да ни каже зашто е на теренот и зашто на сите ни дава лажна надеж дека ќе се врати во старата форма. Искрено, загрижен сум за него. Зашто тоа го прави? Јас го направив истото и погрешив, не морав да се враќам. Тоа е мојата најголема грешка во кариерата. Енди Мареј мора сериозно да размисли – дали има право да користи специјални покани и да биде на теренот со што им го зема местото на младите тенисери – вели Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот