Зошто еден фустан на висока мода чини колку еден стан во Скопје

Фото: Инстаграм

Во тек е Неделата на висока мода 2022/2023 во Париз.

Самата дефиниција за високата мода е прилично магловита, а да не зборуваме за тоа како целата таа модна гранка е обвиткана со вел на мистерија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dion Talk to Me (@diontalktome)


Речиси никогаш ништо не дознаваме од брендовите кои создаваат вакви креации, ниту од клиентите кои ги купуваат. Дали парчето од високата мода е направено исклучиво за еден модел? Или тоа се само гласини? Дали може да се нарача оваа креација? Дали постојат стандарди за висока мода? Кои куќи ги исполнуваат овие стандарди?

Џамбатиста Вали, Живанши, „Диор“, „Шанел“ го прават тоа невозможно за обичните смртници. Нивните креации од висока мода (haute couture) чинат колку стан или куќа. Во тек на Неделата на висока мода во Париз каде големите дизајнерски имиња и модни куќи повторно прикажуваат неверојатни модели, кои имаат уште поневеројатни суми.

Дизајнерски фустан од висока мода може да чини 9.000 евра за дневна варијанта, над 38.000 евра (коктел фустан) до 85.000 евра (вечерен фустан). Тоа се навистина импресивни бројки, и да, тоа е премногу скапо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralph & Russo (@ralphandrusso)


Поголемиот дел од вашата гардероба е направена во фабрики и тоа брзо, додека парчињата од високата мода се третираат како уметнички дела. Легендарниот моден дизајнер Валентино рече дека кројачите еден фустан прават неколку стотици часа, додека за една венчаница, на пример, потребни се околу 1.000 часа. За да имате подобра однос – тоа се 41 ден или околу пет недели.

И уште еден детаљ – секое парче облека се шие рачно. Тоа модно „породување“ се случува во едно од 11-те дизајнерски студија („Шанел“, „Диор“, Готје,…), а секој од нив треба да исфрли 75 модели годишно за да може да каже дека е „висока мода“. Ваквите модни куќи вработуваат околу 5.000 луѓе, од кои 2.200 се шивачи.

Едно парче висока мода мора да ги исполнува стриктните правила на француското Министерство за индустрија и Француската модна федерација, додека модната куќа мора да прикаже две колекции за висока мода – во јануари и јули.

Она што е интересно е дека прескапата висока мода се потпира на куповната моќ на смешно малобројната клиентела. Само 2.000 жени во светот купуваат вакви фустани, а од тоа само 200 од нив се лојални, редовни клиенти.

Дури 60 отсто од клиентите се Американки, а останатите 40 се Русинки, Кинески и дами од Средниот Исток. Годишно се продаваат околу 1.500 фустани од висока мода. Затоа често е невозможно модните куќи да заработат сериозен профит од нив. Целиот сјај и гламур вложен во вакви прескапи парчиња е важен за брендот и ја зголемува продажбата на „пообичните“ производи што ги нудат (парфеми, часовници, чанти…).

– Колекциите на висока мода се како маркетиншка алатка која продава споредни производи од тој бренд – парфеми, очила, модни додатоци – изјави Американецот Ник Верерос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralph & Russo (@ralphandrusso)

Висока мода во бројки: Сè што треба да знаете за луксузниот свет на високата мода

Не разбираме многу работи, а не им веруваме ниту на повеќето вљубеници во модата.

Причина поради која порталот The Fashion Law собра низа факти за овој затворен свет на модата.
Ова се бројките што ги собраа:

2 – минималниот број на пробни примероци за клиентот, според правилата на Француската модна федерација.

12 – бројот на модни куќи кои учествувале на Неделата на висока мода во сезоната пролет/лето 2018, меѓу кои се „Диор“, „Живанши“, „Шанел“…

15 – минималниот број на постојани вработени во ателјето на куќата, исто така, според правилата на Француската модна федерација.

16 – бројот на клиенти кои ги имал Жан Пол Готје во 2009 година, според податоците на „Ванити фер“.

45 – процент на модни креации од целата продажба на брендот Ели Саб, со постојан пораст на побарувачката од земји како Турција, Грција, Русија, Украина, Казахстан…

50 – бројот на изгледи (look) кои, според првите правила на француската модна федерација, дизајнерот морал да ги претстави во склоп на својата ревија на висока мода.

100 – бројот на шнајдерки вработени во колекцијата за висока мода на „Шанел“ за сезоната пролет/лето 2015 година.

135 – бројот на часови што во просек се потребни за да се направи еден фустан на „Диор“.

1945 година – годината кога Француската модна федерација воспостави низа правила за ревиите за висока мода. Промените беа воведени дури во 1992 година.

4.000 – тоа е приближно колку купувачи на висока мода има во целиот свет. Од нив 200 се редовни клиенти, а меѓу нив се Дафне Гинис, Лена Перминова, Улјана Сергенко и кралицата Ранија од Јордан.

6.000 – број на часови потребни за да се создаде конечниот изглед на шоуто пролет/лето 2016 на „Ралф и Русо“.

50.000 долари – 300.000 долари – цена на креација на висока мода, според „Би-би-си“.

1.000.000 долари – цена што може да ја постигне венчаницата на „Диор“, наведува Ројтерс.

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер прошета со лавовска глава во Париз

ФОТО | Од глава до пети: Позната раперка во креација на „Schiaparelli“со 30.000 сваровски кристали

ФОТО | Најпознатата модна инфлуенсерка го облече „голиот“ фустан на Лепа Брена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот