Земјоделство / Фото: Архива на Слободен печат

Зошто Австријците се откажуваат од органското производство?

Австрија е водечка земја во Европската унија во еколошкото земјоделство. Таму храната органски се одгледува на дури 27,1 отсто од обработливото земјиште. За споредба, просекот на ЕУ е нешто повеќе од 10 проценти.

Последниве години има позитивен тренд на потрошувачката по глава на жител и раст на пазарниот удел, пишува Агрархојт. Во 2023 година, во однос на претходната година, продажбата на еко-свежи производи е зголемена за 5,3 отсто на околу 873,6 милиони евра, но во категоријата други – преработени органски производи опаднала за 2,8 отсто.

Во исто време паѓа и бројот на органски фарми. Од 2022 до 2023 година, 930 фарми, или четири отсто, беа затворени. Лани ги имало 24.148, што е 22,7 отсто од вкупниот број. Намален е и бројот на површините под овој вид на одгледување, за 10.000 хектари, односно се помалку за 1,5 отсто, а се обработуваат вкупно 695.180 хектари.

Претседателката на здружението „Био Австрија“, Барбара Риглер, главната причина за ваквиот пад ја гледа во тоа што земјоделците не можеле да заработат доволно приходи бидејќи продажните цени биле прениски, а во исто време значително се зголемени трошоците за работа, пренесува Политика. Како што беше најавено во август минатата година, сличен тренд има и во Италија, која е рамо до рамо со Австрија по успех во еколошкото производство.

Неодамна беше објавено дека земјата нема прецизни податоци за бројот на оние кои го напуштаат секторот, но оние кои се откажуваат главно го оправдуваат своето излегување од бизнисот со високи трошоци за сертификација и поголеми административни барања, што е особено проблем за малите производители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот