Зоран Заев најави легализација на марихуаната во македонските туристички места

Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Зоран Заев е убеден дека декриминализацијата и легализацијата на канабисот/марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството. Неговиот план предвидува и вадење на парите од „под перници“.

Премиерот Зоран Заев најавува нов економски пакет кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во македонските туристичките места. Тој го изјави ова во интервјуто за македонската редакција на „Дојче Веле“.

Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места”, вели Заев.

„Ова е алатка со која можеме да ги дигнеме услужните дејности, затоа што тие малку учествуваат во домашниот БДП“, смета Заев, но ветува дека на оваа тема ќе се отвори широка дебата, па „ако мнозинството каже „не чепкајте таму“, тој вели „нема да чепкаме“.

Целото интервју проследете го ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот