ЗНМ се солидаризира со Марјан Николовски: Ги осудуваме сите обиди на црковните власти да го замолчат критичкото новинарство и слободата на изразување

Здружение на новинарите / Фото: Лого, Архива на Слободен печат

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), ја изразува својата поддршка за напорите на новинарот Марјан Николовски, главен и одговорен уредник и основач на religija.mk, во критичкото известување за религиозни прашања во полза на јавниот интерес.

ЗНМ остро ги осудува обидите на црковните власти да го замолчат критичкото новинарство и слободата на изразување, и велат дека ваквите активности ги поткопуваат основните принципи за независноста на медиумите.

„Транспарентноста, разбирањето и меѓусебното почитување се темелите врз кои треба да се гради здрав однос меѓу медиумите и верските заедници“, реагираат од ЗНМ.

Од ЗНМ поднеле барање за средба со Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА). Како што велат од ЗНМ, иницијатива има за цел да ја подобри комуникацијата со новинарите и снимателите и искрено се надеваат на позитивен одговор кој ќе биде од корист за сите засегнати страни, особено за граѓаните кои имаат неоспорно право да бидат информирани.

„ЗНМ смета дека сите евентуални поплаки во врска со медиумското известување треба да се решаваат преку воспоставени саморегулаторни тела како што е Советот на честа при ЗНМ или Советот за етика во медиумите во Македонија. Овие механизми нудат конструктивен начин за решавање на споровите притоа почитувајќи ги принципите на новинарски интегритет и слобода.Изразуваме поддршка на новинарот Марјан Николовски и сите новинари кои се соочуваат со непотребен притисок во нивната потрага по вистинито и професионално новинарство. Ја повикуваме МПЦ ОА и нејзиното раководство да се вклучат во отворен и конструктивен дијалог со медиумската заедница, признавајќи дека таквиот ангажман е суштински за подобрување на општеството во целина“, се вели во соопштението на ЗНМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот