Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Златната ретриверка Поли му го спаси животот на својот сопственик: „Таа ми ги подари секундите што значеа живот“

Златната ретриверка по име Поли спречила трагедија во домот на семејството Кук во Ирска, кога во март 2024 година забележала дека нејзиниот сопственик Адам Кук не дише нормално додека спие, пишува „Пипл“.

Загрижениот миленик почнал гласно да лае, што ја разбудило сопругата на Адам — Хана. Таа веднаш сфатила дека нешто не е во ред и дека сопругот доживува срцев удар. Хана веднаш се јавила кај Итната медицинска помош. Операторот ја водел низ процедурите за прва помош, вклучително и реанимација, сѐ додека не пристигнала медицинската екипа. Првите спасувачи се појавиле за само седум минути и го однеле Адам во болница „најбрзо што е можно“, раскажува Хана за Британската фондација за срце.

Адам се разбудил шест дена подоцна во болница и целосно се опоравил.

„Секоја дополнителна минута ќе ја променеше оваа приказна. Кај срцев удар, секунда значи живот. А Поли ми ги подари тие секунди“, изјави Хана за Би-би-си, додавајќи дека кучето отсекогаш било силно поврзано со Адам.

Таа објаснува дека по првичниот аларм, Поли станала невообичаено тивка: „Би рекла дека Поли знаеше и пред да се случи. Мислам дека ударот само што беше почнал кога таа почна да лае“.

И Хана и семејниот миленик Поли добиле признание „Херои на реанимацијата“, награда што ја доделува Британското здружение за срце на лица (и миленици) кои со храброст помогнале да се спаси човечки живот.

Адам, кој денес е во добра здравствена состојба, со емоции се сеќава на моментот кога повторно ја видел Поли по излегувањето од болница.

„Поли е дел од семејството, па не ме изненади кога слушнав дека одиграла толку голема улога. Ќе бидам искрен — плачев. И мислам дека и таа плачеше. Јаукaше, како да сака да каже: ‘Вау, се врати дома. Не мислев дека ќе се вратиш’“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот