Фото: Zlatibor Mozzart/Foto Nikic

Златибор ја доби првата пресметка со ТФТ во четвртфиналето на АБА 2 лигата

Кошаркарите на ТФТ од Скопје загубија со 101:86 од српскиот клуб Златибор во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на АБА 2 лигата.

Македонскиот претставник ќе мора да оди на победа во вториот меч закажан за 24 март во нашиот главен град доколку сака да обезбеди мајсторка на 31 март во Чајетина.

Најефикасни во редовите на ТФТ беше Виктор Ташовски со 18 поени, следен од Ентони Говенс со 17, а 12 запиша Георги Зафиров.

На спротивната страна Немања Протиќ забележа 16 поени, Лазар Јоксимовиќ 15, а Стефан Савиќ, Иван Смилјаниќ и Кристофер Хантер имаа по 13.

Во останатите четвртфинални натпревари од плејофот ќе се соочат Широки – Јахорина, Сутјеска – Слобода Тузла, и Војводина – Хелиос. Потребни се две победи за пласман во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот