Зимски трансфер под знак прашалник: „Рампа“ за Влаховиќ — чека летен договор?
Сè погласни се шпекулациите околу иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, но јасно е дека зимски трансфер нема да се случи.
Препорачано
Иако е влезен во последната година од договорот со Јувентус и веќе одбил неколку понуди за продолжување, клубот сè уште не се откажал од можноста да го задржи.
Спортскиот директор на „старата дама“, Дамијен Комоли, истакна дека Влаховиќ има цврст договор со управата да ги обноват разговорите по завршувањето на сезоната.
„Постигнавме договор минатото лето да ги стопираме разговорите и повторно да седнеме на маса на крајот од сезоната. Тоа е планот и сме оптимисти“, изјави Комоли.
Тој додаде дека ниту еден италијански клуб финансиски не може да се натпреварува со премиерлигашите, но тоа не значи дека Јувентус ќе се откаже од битката за својот прв напаѓач.
Во последните месеци Влаховиќ беше поврзуван со повеќе европски гиганти, но без конкретна понуда — делумно поради високите финансиски барања на играчот.
Доколку следното лето стане слободен играч, ситуацијата би можела драстично да се промени, но засега Јувентус верува дека постои простор да се најде решение и српскиот голгетер да остане во Торино — барем до летото.


