Зимска чорба (РЕЦЕПТ)

Подготвите ја оваа превкусна чорба и стоплете си ја душата во зимските денови.

Од намирници потребни ви се.

1 страк праз

2 моркови

1 целер

100 грама зелка

малку грашак

бибер во зрна

50 грама ориз

1 свежа пиперка

масло за јадење

ловоров лист

сол и црн бибер

Подготовка:

Најпрвин измијте ги и убаво исечкајте го зеленчукот на ситни коцки.

Откако ќе завршите со постапката за сечкање, едно по едно ставајте ги зеленчуците да се пржат. Во тавата ставете го првин морковот, па кратко пропржете го, а потоа додавајте ги и зеленчуците еден по еден. Кога ќе ги ставите сите зеленчуци и кога заедно ќе ги пржите околу 10 минути, во нив додадете вода и оставете ги да се динстаат.

Откако целиот зеленчук ќе омекне, додајте ги и потребните зачини за подготовка на овој исклучително здрав рецепт.

Варете околу половина час. Потоа, подготвената чорба тргнете ја од оган и јадете ја во следните неколку денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот