ВИДЕО:Шест мртви во престрелка во Атина

Најмалку шест лица загинаа во престрелка во градот Лутас во Грција, пишува „Катимерини“. Престрелката се случила денеска во попладневните часови.

Пукано е во возило со германски регистарски таблички. Пет лица биле во возилото, а едно надвор, пишува грчкиот весник.

Како што првично објавија грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил, а другите три во куќа во наведената населба. Сепак, последните информации велат дека пресметката се случила во автомобил на улицата „Арионос“,јавува Прототема“.

Според грчките медиуми, станува збор за мафијашка пресметка. Како што пренесува Си-ен-ен Грција, бил употребен пиштол калибар 9 мм.

Прогласена е тревога, додека на терен се силни полициски сили.

Во тек е истрага. Спасувачите и брзата помош се на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот