ЖРК Ѓорче Петров освои турнир во Косово, на два натпревари постигна 94 гола

Фото: Ѓорче Петров - ЖРК/FB

Ракометниот шампион во женска конкуренција, тимот на Ѓорче Петров освои турнир кој се играше во Ѓаковица.

„Лавиците“ од Ѓорче прво беа убедливо подобри од домаќинот Шќипоња со 47:18, додека во финалето играа против младинската селекција на Бугарија.

Бугарките во полуфиналниот дуел беа подобри од врсничките од Косово со 29:17, но во финалето со македонскиот шампион немаа апсолутно никакви шанси.

Ѓорчепетровки повторно постигнаа 47 голови, а примија 27, па така славеа со 20 голови разлика. Турнирот македонските претставнички го завршија со трофеј, но импресивни се и 94-те постигнати голови.

За МВП на турнирот беше прогласен, Ангела Јанкуловска од Ѓорче Петров. Со овој триуф ракометарките од Ѓорче во одлична форма го дочекуваат стартот од плеј-офот каде што прво ќе се соочат со Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот