„Жолтите елеци“ повторно се враќаат на улиците во Франција

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во главниот град на Франција и во други провинциски градови денеска се очекуваат маршови на неколку илјади демонстранти од движењето на „жолтите елеци”.  Особено ќе се следи собирот планиран на Елисејските полиња, што е забранет од властите, јави дописникот на МИА.

Префектурата на полицијата на Париз од синоќа од 18 часот го забрани собирот на движењето „жолти елеци” во повеќе сектори на главниот град.

Пред собирот, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманиан, кој сака да го намали бројот на насилство и повредени, најави серија мерки за одржување на јавниот ред. Две главни прашања беа разгледани. Најпрво користењето на ЛБД (лансерите на гумени топки) кои не можат да се користат без супервизор. Исто така се најавени шок гранати кои се помалку опасни.

За денеска е предвидено 3000 припадници на безбедносните сили да го одржуваат мирот во Париз на  демонстрациите на жолтите елеци, но и на противниците на користењето на маски против Ковид-19.

Последните собири на жолтите елеци во Париз поминаа без поголеми нереди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот