Животната приказна на Силвија Бич, сопственичка на најславната книжарница во светот: Тука се собирале Хемингвеј, Џојс, Гертруда Штајн, Симон де Бовоар…

foto facebook

Ниедна книжарница не е толку вткаена во митот за еден град како што е тоа париската „Shakespeare and company.“ Сосема сигурно, ова е најпознатата книжарница во светот! И ниту една друга книжарница на светот нема такво славно и гламурозно минато. 

Една од најубавите книжарници во светот е секако „Шекспир енд компани“ (Shakespeare and Company) во Париз. Името датира од книжарницата која Амеиканката Силвија Бич ја отворила на парискиот Лев брег во 1919 година и која го одбележа културниот живот на Париз во тие години.

Силвија се родила во религиозно семејство како трето дете, првите години од својот живот ги поминала помеѓу Мериленд и Њу Џерси, а потоа се преселила со своето семејство во Европа и често патувала, благодарение на работата на нејзиниот татко.

Пристигнала во Париз во 1916 година со намера да студира француска литература. Силвија таму се сретнала со продавачката на книги Адриене Мониер, која наскоро станала нејзина неразделна придружничка, како во животот, така и во деловното работење. Во „малата сива продавница“ на Мониер, Силвија се запознала со бројни интелектуалци кои подочна често че се собираат во „Шекспир енд Компани“; еминентни личности на крајот на векот, од Езра Паунд до Ернест Хемингвеј.

Адриене Мониер ја потстрижува Силвија, фото Фејсбук

Првично, големиот сон на Американката бил да се врати во Њујорк и таму да отвори книжарница посветена на големите автори на современата француска литература, но поради прескапите закупнини на простор во Големото јаболко, морала да ја смени одлуката. Така, проектот на Силвија  претрпел радикална и среќна трансформација: Силвија одлучила да отвори американска книжарница во срцето на Париз.

фото Фејсбук

Првата книжарница „Шекспир енд Компани“ ја отворила на адресата „Rue Dupuytren 8“, на 19 ноември 1919 година. Пред самата книжарницата стоела прекрасна табла на која бил претставен англискиот драмски писател кој, според Бич, „гледаше со добронамерно око на компанијата“. Цензурата против слободата на изразување што владеела во Америка во тие години, била „среќна“ за книжарницата на Силвија која од книжарницата правела и патувачка библиотека: добро снабдената „Шекспир енд компани“ ги привлекла сите патници кои, преминувајќи го океанот за да се населат во Париз, помогнале да се создаде автентична американска колонија на Левиот брег.

Меѓу клиентите на „Шекспир енд Компани“, веднаш се истакнале имиња како што е Мен Реј, чии фотографии биле поставени на ѕидовите на библиотеката; американскиот романсиер и сценарист Френсис Скот Фицџералд и писателката Гертруда Штајн, која напишала, како гест на пријателство, поема посветена на Силвија, и нејзината продавница. Поемата се викала „Богати и сиромашни“ и била напишана на англиски јазик.

фото Фејсбук

Но, едно многу посебно име исто така се поврзува со славата на книжарницата и нејзината сопственичка: ирскиот поет, писател и литературен критичар Џејмс Џoјс. Бич го запознала ирскиот писател на една забава, летото 1920 година; а средбата била обележана со стравопочит што ја чувствува Силвија кон авторот, кој во тие години бил насочен кон пишување на „Улис“ (1922). За време на дискусијата за иднината на книгата, Бич се предлаожила како издавач. Иако неискусна во улога на издавач, продавачката на книги понудила грандиозен проект за делото: тираж од илјада примероци подготвен за есента 1921 година, отпечатен во три различни формати. Но поради активностите на Силвија околу дислокацијата на „Шекспир енд компани“, на улицата „Rue de l’Odéon, 12“, грандиозниот проект малку доцнел, па така „Шекспир енд компанија“ својата прва, а подоцна прочуена книга, ја издале на 2 февруари 1922 година, истиот ден кога Силвија му го дала на Џојс првиот примерок на „Улис“. И покрај строгата цензура наметната во странство и благодарение на помошта на Хемингвеј, романот слетал и во Америка – скриен во панталоните на големиот писател.

Силвија Бич и Џејмс Џојс, фото Фејсбук

Во годините потоа, следувале нови уреднички напори, секогаш насочени кон делата на Џојс со кого веќе воспоставила силно партнерство; како и тешки избори во областа на публикациите, борба против пиратските изданија на ремек-делото… токму во ваква клима започнале најмрачните години на дваесеттиот век за Силвија и книжарницата, но пред сè за светот.

Изгубената генерација на Левиот брег станала референтна точка на своето време: многу интелектуалци згазнале на сцените како протагонисти, а некои се вратиле во Америка, матичната земја на многу од љубителите на „Шекспир енд Компани“. Оддалеченоста на најблиските пријатели заедно со Големата депресија, а потоа и нацистичката окупација, ја одвела книжарницата на Бич во борба за преживување. Неколку пати Силвија примала посети од германски офицери заинтересирани за нејзиниот бизнис: таа морала да се соочи со нивниот притисок и да ги занемари нивните закани за одземање на библиотеката, па затоа книгите ги пренела во тајност, ноќе, во еден од слободните станови на зградата. Но, сепак, не можела да стори ништо против последиците што ѝ ги донело нејзиното американско државјанство.

„Кој знае дали Германците навистина дојдоа да ја конфискуваат „Шекспир енд компани“. Ако е така, тие таму не ја најдоа книжарницата и не го добија тоа “, напишала Силвија во своите мемоари додавајќи – „Но, на крајот дојдоа да го земат сопственикот“. Поминала шест месеци во концентрационен логор и кога се вратила во Париз, за ​​да избегне повторно затворање, живеела скриена во фоајето на еден пријател, но секој ден одела на „Rue de l’Odéon“ за да дознае за судбината на книжарницата, за Адриене, за парискиот отпор и судбината на писателите кои со години ја анимирале „Шекспир енд Компани“.

И покрај интензивните борби и покрај германските снајперисти на покривите, со ослободувањето на Париз, Силвија се вратила во нејзината книжарница, која никогаш повеќе нема да ги отвори своите врати. Сепак, Париз продолжува да биде нејзиниот град: таа останала таму сè до нејзината смрт во 1962 година, седум години по самоубиството на нејзината пријателка Адриене.

Десет години по затворањето на книжарницата на Силвија, во 1951 година, денес легендарниот Американец Џорџ Витмен, отворил книжарница отпочеток наречена „Le Mistral“ која во 1964. година ја преименувал во ‘Shakespeare and Co’, во спомен на Силвија Бич.

Џорџ Витмен пред влезот на книжарницата која на почетокот броела само 1.000 наслови, фото Фејсбук

Оваа книжарница и денес постои на улицата „Rue de la Bucherie 37“, во непосредна близина на Нотр Дам. И денес тука се продаваат нови но и ретки книги, а може да се чита во преубавиот амбиент. Освен тоа, книжарницата е позната и по тоа што нуди бесплатно сместување на младите писатели и уметници во замена за доброволна работа и читање. До сега над 30 луѓе спиеле во креветите сместени меѓу полиците со книги. Името на програмата е „Tumbleweeds“ и патниците за возврат за ноќевањето мораат да помогнат неколку часа дневно во книжарницата, да прочитаат книга, и да напиша кратка автобиографија.

фотографии ПРОФИМЕДИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот