Животната приказна на најинтелегентниот човек на светот чиј коефициент на интелегенција изнесувал 300!

инстаграм

Се проценува дека Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелегенција 160, Исак Њутон 190, а Марк Зукерберг има 152. Овие луѓе ширум светот се познати како најголемите генијалци.

Меѓутоа, постои еден човек чие IQ се верува дека изнесува помеѓу 250 и 300!

Дали некогаш сте слушнале за Вилијам Џејмс Сидис?

Станува збор за човек кој се сметал за чудо од дете, Бил неверојатен математичар, најинтелегентниот човек во историјата, полиглот и надарен писател.

На 8-годишна возраст веќе зборувал 8 јазика

инстаграм

Вилијам бил роден во Њујорк во 1898 година. Неговиот татко Борис бил угледен психолог кои имал 4 дипломи од Универзитетот Харвард. Мајка му исто така била лекар. Бидејќи неговите родители биле паметни и успешни луѓе, истото се очекувало и од нивниот син. Но, тој ги надминал сите претпоставки и докажал дека е далеку поинтелегентен од просечната личност.

Забележан е податок дека Вилијам на само 18 месеци умеел да чита весници. До 8-годишна возраст сам научил латински, грчки, француски, руски, германски, хебрејски, турски и ерменски јазик. Освен тоа, малиот Вилијам измислил и сопствен јазик кој го нарекол „Vandergood“.

Најмладата личност во историјата запишана на Харвард

Свесен за натпросечната интелегенција на својот син, Борис Сидис се обидел да го запише на Харвард, но го одбиле, бидејќи Вилијам имал само 9 години. Две години подоцна во 1909 година, Универзитетот ја прифатил молбата и така Вилијам станал најмладата личност запишана на Харвард. До 1910 година неговото знаење во математиката толку се зголемило што ги натерало професорите да му дозволат на Вилијам да држи предавања. Го викале чудо од дете. На 16 години стекнал и диплома од студиите за уметност.

Одлучил да живее осамен живот

инстаграм

Познато е дека славата може да биде многу напорна и оптеретувачка, особено доколку се стекне во раните години. Набргу после дипломата, Вилијам им рекол на новинарите дека сака да живее „совршен живот“, кој по неговото мислење бил само осамениот живот. Исто така, тој објавил дека никогаш нема да се жени.

Славата која ја стекнал, а не ја сакал, и неговата одлука се одразиле и на притисокот кој Вилијам го трпел од страната на родителите. Бидјеќи и самиот тој бил угледен и познат, таткото на Вилијам од синот сакал да направи ѕвезда. За да го постигне тоа, започнал да го применува своето знаење од психологијата на синот и ужасно да го притиска и форсира.

Иако Вилијам како дете уживал во учењето, кога пораснал неговото мислење се променило и за се го обвинувал својот татко. Толку му бил лут на својот татко што кога починал Борис во 1923 година, Вилијам одбил да дојде на неговиот погреб.

18 месеци затвор

Како што правеле и многу други генијалци за да не се истакнуваат, Вилијам исто така работел слабо платена обична работа. Се вработил како помошник на свештеник, но луѓето и понатака го препознавале, па и таа работа ја променил. Во 1924 година новинарите откриле дека Вилијам работи слабо платена физичка работа, но овој пат пофалбите насочени кон бунтовниот генијалец изостанале – сега новинарите го исмејувале некогашното чудо од дете и истакнувале како Вилијам повеќе не знае да го прави тоа што умеел како дете.

инстаграм

Тоа секако не било вистина, што и подоцна се покажало преку многуте непроценливи книги кои Вилијам ги пишувал за време на својот живот, но под различни имиња.

Две години заклучен во санаториум 

Иако се трудел да живее илегално, Вилијам во 1919 година бил уапсен како учесник во насилниот протест во Бостон и бил осуден на 18 месеци затвор. Сепак, родителите пронашле начин да го ослободат од затвор и наместо тоа го затвориле синот 2 години во санаториум.

Ненадејна смрт

Вилијам целиот свој живот го поминал потполно осамен и растроен. Се оттуѓил од семејството и започнал да работи како работник на машини за да сврзе крај со крај.

Вилијам Џејмс Сидис бил човек кој можел да го промени светот, починал ненадејно во 46 година, а причината била излив на крв во мозокот, истата причина поради која починал и неговиот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот