Жива жена од Кочани ја прогласиле за мртва

ФОТО: EPA / MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Истрагата треба да ги открие виновниците – вели Александар Серафимов, директор на Општа болница – Кочани.

На кочанчанецот Благојче Дончев од кочанската болница му кажале дека неговата мајка починала. Тој почнал да организира погреб, но кога тој заедно со операторот дошол да го земе телото, открил дека мајка му е жива и лежи на Интерното одделение, пренесува ТВ 24.

Дончев вели дека оние што му ја соопштиле веста му рекле и кој погребен оператор да го повика, но тој ги одбил и се јавил на друг.

Од кочанската болница велат дека знаат за случајот и по нивната интерна истрага повикана е полицијата, која започнала своја истрага за да утврди кој му се јавил на Дончев.

„Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците – вели Александар Серафимов, директор на Општа болница – Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот