Жителите на Стар Аеродром добија нови 60 паркинг места

Фото: Општина Аеродром

Уште 60 места за паркирање добиваат жителите на Стар Аеродром на новиот паркинг простор што е пуштен во употреба и што се простира на површина од 1500 метри квадратни.

 Проектот е целосно финансиран со средства од буџетот на Општина Аеродром и е дел од градежната офанзива која почна во 2022, а продолжи во 2023 година. Со ова локалната самоуправа решава еден важен проблем за жителите кој живеат во овој дел од општината, соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму информират дека во тек се подготовки за изградба на над 160 нови паркинг места на уште две локации во Аеродром – во близина на „Мајчин дом” и во населбата Мичурин.

Истовремено, во населбата Лисиче активно се работи на целосна реконструкција на нови улици. Во буџетот на Општина Аеродром за 2023 година обезбедивме 30 милиони денари за подобрување на инфраструктурата и повеќе паркинг места за поубав Аеродром и поквалитетен живот во секое населено место, велат од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот