Жител од с. Лопате наместо да биде во изолација заминал за Австрија, велешанец организирал свадба во дворот од куќата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(50) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време не епидемија“. На 12.06.2020, од страна на Центарот за јавно здравје бил доставен список во СВР Куманово, во кој се наоѓал  пријавениот, а при извршена контрола на 16.06.2020 од полициски службеници од СВР Куманово, било констатирано дека тој на 11.06.2020, покрај изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Р.Австрија, без притоа да ги почитува постоечките протоколи, а со тоа го сторил и кривичното дело.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 08.05.2020, во периодот од 12.30 до 17.30 часот на ул.„Богдан Каракостев“ пријавениот, и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот