Жител на Ваксинце уапсен во Тетово, сакал да тепа вработен на државниот универзитет

Тетовска болница. / Фото: МИА

СВР Тетово информира дека жител на кумановско Ваксинце бил приведен на Универзитетот во Тетово поради нарушување јавен ред и мир со агресивно однесување. Настанот се случил околу половина час пред пладне, во просториите на Универзитетот во кругот на Клиничка болница Тетово.

-Денеска (21 септември) во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С.(42) од с.Ваксинце, општина Липково, затоа што претходно на Државниот универзитет Тетово го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработениот М.Т.(36) од Тетово, информираат од СВР Тетово.

Приведениот бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот