Жител на тетовски Пирок повредил полицаец

Фото: Архива на „Слободен печат“

При тоа 33-годишникот повредил полицаец, оштетил полициски возила и наплатна рампа.

Триесет и тригодишник од тетовски Пирок е уапсен по бркотница со полицијата за време на полициски час која почна во Гостиварско, а завршила во тетовско Сиричино. При тоа 33-годишникот повредил полицаец, оштетил полициски возила и наплатна рампа.

– М.А (33) од тетовски Пирок управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат” со германски регистарски ознаки, во кое подоцна се откриени остатоци од бела прашкаста материја, најпрво не застанал на полициски знак во гостиварска Топлица и Врапчиште и продолжил да бега. Во еден момент, враќајќи се наназад, со возилото удрил во полициски службеник и го повредил, соопшти СВР Тетово.

Тој продолжил да бега по автопатот Гостивар – Тетово.

– Ја оштетил наплатната рампа, се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две службени возила на МВР. Во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили. Потоа во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода, информира тетовската полиција.

Лицето е приведен во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени поднесоци за неколку кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот