Жител на Претор се задушил во пожар откако запалил стрниште во бавча

Запалено стрниште / фото: илустрација

62-годишен жител на преспанското село Претор вчера се задушил во пожар во неговата бавча, откако заедно со неговата сопруга запалиле стрниште и предизвикале пожар, соопшти МВР.

„На 27.09.2021 во 17.57 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во с.Асамати, ресенско, во близина на шумска куќа на Јавно претпријатие „Национални шуми”, во атар на с.Претор, настанал пожар при што горела сува трева и стрниште. Полициски службеници и Јавен обвинител излегле на местото и го пронашле починат М.Л.(62) од с.Претор, а смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош. По преземени мерки било констатирано дека М.Л. и неговата сопруга Н.Л.(56) запалиле гранки во нивна бавча на место викано „Крива нива” од што настанал пожар, а од густиот чад М.Л. паднал во безсознание, по што бил извлечен од огнот, но веќе бил починат“, велат од полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот