Жител на Баница натепал и ограбил таксист, па нападнал и полицаец што сакал да го легитимира

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

38-годишен жител на струмичкото село Баница е уапсен откако нападнал и ограбил таксист, а потоа сакал да го тепа и полицаецот што се обидел да го легитимира, соопшти МВР.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (38) од село Баница, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 13.06.2023 околу 22.30 часот во село Баница, пријавениот физички нападнал такси возач со кој се превезувал и му го одзел мобилниот телефон, по што на 14.06.2023 околу 00.30 часот, физички нападнал полициски службеник кој го забележал и се обидел да го легитимира3, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот