Жестока дебата – Жерновски кон Јанушев: Мицкоски пет дена се крие за лагата дека во Софија ни се распарчува државата

Во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24 Жерновски ги прозва Јанушев и Мицкоски да кажат и да не се кријат пет дена после објавената лага дека Северна Македонија се распрачува во Софија.

-Водите политика на безнадежност и безперспектива, затоа ви се такви протестите. Слушам како СДСМ работел против државата, па вие петти ден не одговарате, викендот обвинивте дека се распарчува државата, кој ја распадна, како ја распарчи, кој посредувал, кој седел на таа маса. Молчите, а изјавата е кривично дело- рече Жерновски.

Тој реагираше и на неконструктивното однесување на Јанушев за време на емисијата.

-Како Груевски да дошол од Будимпешта и седнал во студиото. Погледај ме во очи, за која демократија ти ми зборуваш кога во ваше време немаше дебата на телевизии. 11 години се криевте од дебатирање. Оваа стратегија ваша со сеење страв со зборови дека умира државата и умира народот е погубна. Вие сте едно погребално друштво, немате стратегија за ништо, која е вашата алтернатива, тоа ве прашувам- обрати Андреј Жерновски од СДСМ на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

Во дебатата, која на моменти излезе од контрола, Жерновски го запраша Јанушев со кое лице зборува за криминал.

-Ти си персонификација за криминал, и сега ти зборуваш за криминал. Ќе има судски процеси и ќе се види кој за што е одговорен. Еве, кажи и на јавноста од каде имаш четири стана, куќа во Охрид, кола Лексус, со која плата го купивте целиот имот? Груевски каде ви е? Избега од правдата- се обрати Жерновски.

Жерновски неколку пати реагираше кај водителката на емисијата дека Јанушев го попречува во говорењето и му се меша во секој збор.

-Нека дојде Јаниушев сам во студио нека си збори, ако не. Стилот на Јанушев во студио е слика и прилика на полтиката на ВМРО ДПМНЕ – кавга со соседи, кавга со ЕУ, кавга со НАТО… Ја разбирам реториката, патриотската, онаа дека ние сме потомци на Александар, но тоа трае недела -две, но што правиме со иднината? Затоа граѓаните имаат можност да изберат, едната стратегија на ВМРО ДПМНЕ која е погубна, и нашата стратегија која работи на создавање на пријателства. Со нашата политика станавме членка на НАТО. Удирање во гради, тресење празна слама е веќе видено и неефикасно- заклучи Жерновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот