Женскиот младински хор при МКЦ ќе настапи во Прилеп

Концертот на Женскиот младински хор при МКЦ ќе се одржи на 26 јуни, со почеток во 20 часот, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На програмата се дела од Јоханес Брамс и Бенџамин Бритн, а диригент е Сашо Татарчевски.

Од своето формирање во 1972 година сѐ до денес, Женскиот младински хор е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разновиден репертоар, овој ансамбл покажа дека и пејачи аматери можат да постигнат високи професионални резултати и да освојат многу награди и признанија на домашни и меѓународни натпревари и фестивали.

Сашо Татарчевски во моментов работи како професор по група предмети од областа на диригирањето на ФМУ – Скопје, уметнички раководител е на професионалниот хор „Про арс“ и диригент на Женскиот младински хор при МКЦ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 86, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот