Проект на Велимир Жерновски ќе биде претставен во Музејот на современата уметност во Скопје

Фрагмент од проектот на Велимир Жерновски / Фотографија: Јелена Белиќ

Во Музејот на современата уметност во Скопје на 26 април, во 20 часот, ќе биде претставен проектот „Confutatis – од што се направени хероите?“ на ликовниот уметник Велимир Жерновски, реализиран како завршен настан во рамки на манифестацијата Европско номадско биенале – „Манифеста 14“ (28.10.2022).

Во рамки на едновечерниот настан ќе биде промовирана печатена публикација со воведен текст „За соработката и оплакувањето со Велимир Жерновски“, конципиран од теоретичарката на уметноста д-р Кетрин Николс, кураторка на „Манифеста 14“ и Хамбургер Банхов од Националната галерија на современата уметност, Берлин.

Публикацијата содржи теоретски контрапункт на ликовниот проект „Confutatis – од што се направени хероите?“, конципиран од д-р Натали Рајчиновска-Павлеска, кураторка на проектот, критичарка и ликовна теоретичарка.

Поради спецификите и единственоста на изведбата, проектот ќе биде претставен преку документарен видеоматеријал од изведбата на едновечерниот перформанс. Соработници на проектот се „Колектив Ветерница“, Скопје и „Трисомија 21“, Скопје.

Изведувачи на перформансот се Велимир Жерновски, Маша Блажевска, Кристина Петровска, Ена Ковачевска, Нана Танеска, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Ана Јовановска, Матеј Аларов, Ена Митревска, Марио Мицковски, Стефан Трпковски, Елизабета Петковска, Илина Георгиева, Коста Цветковски, Филип Ангеловски, Оливер Блажевски, Ивана Неделковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Митева, Билјана Димитрова, додека музички соработници се Филип Митров и Јоана Ристеска. Сценски режисер е Стојан Павлески, а фотографиите од перформансот се на Јелена Белиќ.

Публикацијата е издадена од Здружение на граѓани – „Контрапункт“. Изданието е дел од платформата КРИК – фестивал за критичка култура. Проектот е реализиран со поддршка од „Манифеста 14“, Приштина, 2022, и Министерството за култура на Република Северна Македонија. Публикацијата е објавена во рамки на проектот „Re-Imagine Europe – New Perspectives for Action“. Проектот е поддржан од програмата на „Креативна Европа“ на Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот