Жената чиј сопруг и деца се удавија во Шпанија тврди: Тие знаеја да пливаат, нешто не било во ред со базенот

Жената чиј сопруг и две деца се удавија во базенот на хотелот во шпанското одмаралиште Коста дел Сол на католички Бадник, тврди дека сите тројца знаеле да пливаат.

Шпанската полиција заклучи дека Габриел Дија (52), британски државјанин, неговата ќерка Комфорт која имаше девет години, и неговиот син Преиз Емануел Дија (16) загинале поради тоа што биле во длабокиот дел на базенот. Но, Олубунми Дија тоа го негираше, бидејќи тие, како што рече, знаеле да бливаат, како и дека смета оти сигурно „нешто не било во ред со базенот“ во одморалиштето.

Официјалните лица на „Клуб Ла Коста Ворлд“ рекоа дека базенот „работи нормално“.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека една од ќерките на Олубинми Дија изјавила за полицијата дека тројцата настрадани членови на семејствот не знаеле да пливаат.

Но, во изјавата објавена во медиумите, Дија рече дека никогаш не ја „информирала полицијата за тоа, ниту пак дека рекла некому оти членовите на семејството не знаат да пливаат“.

– Верувам дека нешто не е во ред со базенот, што сигурно во тој момент им го отежнало пливањето. Мојот маж се симна по скалите за да им помогне на децата, додека јас се растрчав за да побарам помош. Додека стигна некој кој може да помогне, сите тројца беа под вода – раскажа таа.

Во одговор на нејзината изјава, официјалните лица од хотелот рекоа дека темелната истрага на полицијата „потврдила дека базенот нормално работи и дека нема никаков проблем со него“.

Од хотелот исто така рекоа дека на базенот нема спасувачи, поради тоа што тој е многу мал.

– Шокирани сме и тажни и се уште се обидуваме да се помириме со тоа. Тие носеа радост и љубов во светот и на сите кои ги среќаваа. Ги сакаме многу, многу ќе ни недостасуваат и засекогаш ќе ги помниме – рече мајката и сопруга Олубунми Дија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот