НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА: Татко и две деца од Британија се удавија во базен

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Татко и две деца од Велика Британија се пронајдени мртви во базен на одморалиштето Коста дел Сол, во јужнот дел на Шпанија, кадешто престојувале на одмор.

Регионалата влада на Андалузија инфомираше дека полицијата кога пристигнала на местото на несреќата, пронашла мртви тела на 53-годишен маж и две деца на возраст од девет и 16 години, кои пловеле на површината на водата.

Надлежните инфомираа дека полицијата можела само да ја утврди смртта, бидејќи трите лица веќе биле починати коа пристигнале во ресортот.

Според инфомрациите од очевидци на настанот, таткото и 16-годишниот син скокнале во водата во обид да го спасат деветгодишното девојче, но не успеале. На крајот, сите несреќно ги загубиле животите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот