Тетово Болница/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Ѓуриќ

Жена официјално почината пред 20 години родила дете во Тетово

Тројца вработени во Центарот за социјални работи во Тетово вчера пријавиле во полиција оти се сомневаат дека е сторено кривичното дело „фалсификување исправа“, ја пренесе порталот „Тетово инфо“ полициската информација.

Социјалните работници пријавиле дека 27-годишна жена, која неодамна родила дете, официјално се водела како почината речиси 20 години, од октомври 2006-та.

„Според пријавата, на 21.01.2026 во Центарот пристигнало известување од Управата за водење матични книги дека на 08.12.2025 во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С.(27), а при постапката за регистрирање на новородено дете во евиденциите на Управата мајката се водела како почината на 21.10.2006“, велат од полицијата.

Жената била поканета да дојде во Центарот за социјални работи со новороденчето, но таа немала никаков документ за идентификација.

„По преземени мерки и испратени покани, на 12.02.2026 лицето А.С. се појавила во Центарот за социјални работи со новороденото дете заедно со едно машко лице, но не приложиле никаков документ за идентификација. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот