Зголемено нивото на Пена и Поројска река во тетовско, испратени багери на терен

Фото: Слободен печат

Зголемено е нивото на водите во река Пена и Поројска река во Тетовскиот регион, информира Центарот за управување со кризи.

– Од страна на локалната самоуправа е активиран регионалниот штаб за справување со кризи и на кризните точки веќе се испратени два багери за расчистување и проширување на коритото на река Пена во долниот дел од градот и од страна на Водостопанство на Македонија ПО Тетово се интервенира на Поројска река на регионалниот пат Тетово-Јажинце, соопшти ЦУК.

Оттаму информираат дека од сабота ќе се интервенира со два помали багери на коритото на Речичка река кај наплатната рампа на автопатот Тетово -Гостивар и на другите критични точки.

-За настанатата состојба со подигнатото ниво на водите РЦУК Тетово е во постојана соработка со ДЗС Тетово и Водостопанство на Македонија ПО -Тетово, од каде известија дека засега имало само помали излевања од каналите за наводнување и се работи на чистење на истите. Нивото на река Вардар во полошкиот регион е зголемено, но засега нема пријава за излевање. Состојбата се следи, соопшти ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот