Зголемен водостојот на Вардар

Нивото на Вардар кај Јегуновце е зголемено за 24 сантиметри во споредба со вчерашното, а благо зголемување има и на мерните места кај Скопје и Демир Капија.

Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просекот за мај. Исклучок се Вардар на мерното место кај Јегуновце и Бабуна кај Богомила каде нивото е повисоко од просечното, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивото на Вардар кај Јегуновце е зголемено за 24 сантиметри во споредба со вчерашното, а благо зголемување има и на мерните места кај Скопје и Демир Капија.

Повисок од просечниот е и водостојот на Дојранското и Охридското Езеро и тоа за 2,93 метри кај Дојранското и за еден сантиметар кај Охридското Езеро. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 96 сантиметри пониско од повеќегодишниот просек за мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот