Земјотрес во близина на најголемата нафтена рафинерија во Иран

Фото: Профимедиа

Потресот е регистриран во провинцијата Хормозган, на 48 километри североисточно од Бандар Абаса, на длабочина од 20 километри.

Земјотрес со јачина од 5,4 степени денес го погоди југот на Иран, во близина на Бандар Абаса, кадешто се наоѓа најголемата рафинерија за нафта во земјата.

Засега нема информации за повредени или евентуална штета.

Потресот е регистриран во провинцијата Хормозган, на 48 километри североисточно од Бандар Абаса, на длабочина од 20 километри, пренесува „Ројтерс“.

„АП“ додава дека селото Кале Кази се тресело осум минути, место каде живеат околу 5.000 луѓе, во поголемиот дел земјоделци.

Спасувачките екипи се на терен и ја проценуваат можната штета.

На почетокот на ноември земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди северозападот на Иран, а тогаш загинаа најмалку пет лица, додека повеќе од 300 беа повредени.

За потсетување, во разорен земјотрес од 6,6 степени во 2003 година потполно е уништен историскиот град Бам, а во овој потрес загинаа 26.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот