Фото: архива

Земјотрес од 5,3 степени ја погоди Никарагва, нема пријавени повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Никарагва, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил во крајбрежната област, околу 38 километри од главниот град Манагва, на длабочина од 111 километри.

Нема веднаш пријавени повредени или материјална штета. Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно, но не траел долго, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот