Зеленски вели дека во Соледар „речиси и да нема веќе ѕидови“

Фото Stephan Goss / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Во Соледар речиси и да нема ѕидови, а земјата е покриена со руски трупови“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Бахмут и Соледар се држат и покрај огромното уништување.

„Исклучително е тешко, речиси и да нема цели ѕидови… Благодарение на нашите борци во Соледар, Украина доби дополнително време и сила“, рече тој, а пренесува „Гардијан“.

Украинските власти, предводени од врховниот командант Валериј Залужни, предупредија дека Русија подготвува војници за нова голема офанзива против Украина, веројатно против главниот град Киев. Русија во последните денови се фокусираше на Соледар. Доколку го заземе, ќе може да ги опколи украинските сили во областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот