Зеленски: Русија се подготвува за нови воени операции во Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал увид во извештајот на шефот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов и бил информиран за подготовката на нови воени операции од страна на Русија.
Препорачано
„Извештај од шефот на ГУР, Кирил Буданов. Многу детали во врска со ситуацијата во Русија, во рускиот одбранбен комплекс“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Тој истакна дека Украина ги гледа главните болни точки на „државата агресор“ и ќе нанесе соодветни удари со цел да ја заштити државата и народот.
„Имаме докази дека тие подготвуваат нови воени операции на територијата на Европа. Исто така, забележуваме многу опиплива штета што санкциите ја нанесуваат на рускиот економски систем“, нагласи Зеленски.
Според него, „ова ја потврдува исправноста да ја принудат Русија да ја заврши војната преку зголемени санкции и други притисоци“.
Зеленски нагласи дека партнерите ќе бидат информирани за фактите добиени преку разузнавачки информации и додаде дека заеднички подготвуваат одбранбени решенија, особено со Велика Британија и Европската Унија.


