Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Париз/Фото: EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Зеленски патува во Романија на разговори за одбраната, енергијата и обновата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во официјална посета на Романија, потврди неговиот портпарол Сергиј Никифоров, пренесе „Украинска правда“.

Зеленски ќе се сретне со романскиот претседател Никушор Дан во палатата Котрочени во Букурешт. Се очекува разговорите да се фокусираат на одбранбена и енергетска соработка, обновата на Украина и проширувањето на Европската Унија.

За време на посетата тој ќе се сретне и со романскиот премиер Илие Болојан и ќе го посети центарот за обука на пилоти на борбените авиони Ф-16.

По посетата на Романија, Зеленски на 13 март треба да отпатува во Париз на разговори со францускиот претседател Емануел Макрон. Се очекува темите да бидат поддршката за Украина и мерките против руската флота во сенка на танкери. Можно е Зеленски да учествува и на состанокот на Европскиот совет на 19 и 20 март во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот