Јулија Свириденко, нова премиерка на Украина - ЕПА

Зеленски ja предложи Јулија Свириденко за нова премиерка на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја покани вицепремиерката Јулија Свириденко да ја води владата на Украина.

„Ѝ предложив на Јулија Свириденко да ја води владата на Украина и значително да ја подобри нејзината работа. Со нетрпение очекувам наскоро да ја презентирам програмата за дејствување на новата влада“, рече Зеленски на Телеграм, пренесува Укринформ.

Тој додаде дека на состанокот се разговарало за конкретни мерки кои, како што изјавил, ќе го зајакнат економскиот потенцијал на Украина, ќе ги прошират програмите за поддршка на Украинците и ќе го зголемат производството на оружје.

„За таа цел, започнуваме со трансформација на системот на извршна власт во Украина“, нагласи Зеленски.

Тој истакна дека разговарале со Свириденко и за спроведувањето на договорите со европските и американските партнери, кои беа постигнати за време на неодамнешната Конференција за реконструкција на Украина одржана во Рим.

„Мораме што е можно поскоро да имплементираме сè што може да ја поддржи стабилноста на нашата држава и општество“, заклучи украинскиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот