Зеленски и Тунберг разговарале за разорното влијание на војната врз животната средина

Зеленски и Тунберг / Фото Колаж / ЕПА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговараше со шведската активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг за штетата по животната средина која ја предизвика војната на Русија против таа држава.

Тунберг вчера ја посети Украина, заедно со истакнати европски личности кои формираат работна група за решавање на еколошката штета предизвикана од војната.

Зеленски рече дека формирањето на групата, која ги вклучува поранешната потпретседателка на шведската Влада, Маргот Волстром, потпретседателката на Европскиот парламент, Хајди Хаутала и поранешната претседателка на Ирска, Мери Робинсон „е многу важен сигнал за поддршка на Украина“.

„Потребна ни е вашата стручна помош“, порача Зеленски на делегацијата.

Тој особено зборуваше за пустошот во јужниот регион Херсон, предизвикан од уништувањето на браната Каховка и поплавите што следеа на почетокот на јуни.

Тунберг рече дека руските сили „намерно ја уништуваат животната средина и со тоа уништуваат човечки животи“.

Целите на работната група се да се процени еколошката штета предизвикана од војната, да се формулираат механизми за да се бара одговорност од Русија и да се преземат активности за обновување на екологијата на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот