Здравството на колена: Хаваријата со хируршките сали на Клинички, Министерството наместо да ја реши му ја нафрли на Обвинителството

клинички центар слободен печат/фото слободан ѓуриќ

Хируршките сали на Клинички центар се затворени повеќе од една недела, а Министерството за здравство со крајно игнорантски однос, наместо да го реши проблемот, му го нафрли на Јавното Обвинителство во форма на претставка. Во меѓувреме решение за пациентите нема, а докторите од ГОБ 8 Септември и од Градската Болница се натоварени со работа од сите пациенти кои ги примаат од Клинички центар.

Другите кои не се итни, се упатени да чекаат дури и со сериозни дијагнози, како карцином. Слободен печат од свои извори во Јавното обвинителство Скопје дознава дека претставници на Министерството за здравство упатиле претставка односно пријава до Јавното Обвинителство да почне да проверува зошто се ширел непријатен мирис во хируршките сали од вентилациониот систем.

Обвинител почнал да повикува лица да провери дали има кривично дело во овој случај. Следни за сослушување се директорите на хируршки клиники. Само три од 12 операциони сали функционираат со компресори и таму се примаат итни случаи. Сите други се упатуваат во болницата за хируршки болести Св. Наум Охридски.

Од 21 часот на цел Клинички центар ќе нема ни вода поради зафат на водоводната мрежа од 21 часот до 5 изутрина. Вода ќе нема ни детската болница Козле. Ќе бидат поставени цистерни пред Клинички центар и пред болницата Козле, но нема одговор, како ќе се одвиваат здравствените процеси во болнички услови без вода.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот