Здравко Понош: Прерано објавено име или добар потег на опозицијата?

Здравко Понош/ Фото Youtube Screenshot Nova.rs

Остануваат уште пет месеци до изборите во Србија, но кампањите веќе се во полн ек. Секако, станува збор за тие негативните. Мета на нападите овојпат е човекот за кој се шпекулираше дека на претседателските избори може да оди против Александар Вучиќ, пишува Нова.рс.

„Се оженил со Хрватка, Србија конечно се буди!, „Хрватите продолжуваат со кампањата да го донесат Понош за претседател на Србија!“, „Генерал оженет со Хрватка која е вљубена во Загреб!“, „Хрватите имаат кандидат на изборите во Србија“. Тоа е матрицата според која деновиве во Србија се перат мозоци, пишува Нова.рс.

Иако не е потврдено дека потпретседателот на Народната партија и поранешен началник на ГШ Здравко Понош ќе биде кандидат на опозицијата во трката за претседателската функција, провладините медиуми веднаш почнаа да го прават она што најдобро го знаат. Да шират пропаганда против противниците на Вучиќ.

Манипулацијата не е новост

Според политичкиот аналитичар Цвијетин Миливојевиќ, овој режим функционира на таа пропагандна мантра.

„Јас тоа го нарекувам пропагандно манипулирање. Сто пати повторувате лага, која на крајот станува вистина за поголемиот дел од гласачкото тело и толку. И претходно кажав дека не е прерано да се излезе со името на претседателскиот кандидат“, додава Миливојевиќ.

За разлика од Понош, Воислав Коштуница стана претседателски кандидат непосредно пред изборите во 2000-та година.

„Тогаш почнаа нападите врз него, пред се во политиката, но тогаш немаше таблоиди како денес, немаше ниту приватни телевизии: Нападите врз него беа прилично бесмислени, пишуваа дека сака мачки, не знам каква маана е таа за обичниот човек. Немаа за што да го нападнат, тоа не беше пресудно, но тоа е една од работите за кои размислувавме – кој е кандидатот за кој режимот ќе има најкратко време да создаде негативно мислење за него кај народот“, изјави поранешниот член на ДОС Жарко Кориќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот