Збирка драми од големиот Шекспир продадена за скоро 10 милиони долари

Instagram

Комплетна и оригинална книга од првата печатена збирка драми на англискиот писател Вилијам Шекспир постави нов рекорд, се продаде на аукција за нешто помалку од 10 милиони долари.

Збирката се нарекува „First Folio“ објавена во 1623 година, седум години по смртта на Шекспир.

Комплетната копија на „First Folio“ се појавува еднаш во генерација“, изјави Маргарет Форд, меѓународна раководителка на книги и ракописи во аукциската куќа „Christie“.

Instagram

Аукциската куќа ја понудила збирката на Шекспир во Њујорк и соопшти дека продажбата поставила нов рекорд на светска аукција кога станува збор за печатено литературно дело.

Колекционерот на ретки изданија, Стефан Ловентхајл го купил примерокот преку телефонска понуда.

Кога првично била печатена, „First Folio“ не само што била првото собрано издание на драми од Шекспир, туку и првпат се отпечатиле 18 од 36 драмски текстови. Меѓу кои трајните ремек-дела на англиската литература  како „Macbeth“, „The Tempest“ и „Julius Caesar“.

Instagram

Овие 18 драми многу веројатно немаше да преживеат, да не се случело првото печатење на „First Folio“, изјавила Форд.

Маргарет Форд додала дека оваа збирка е целосна заслуга на Џон Хемингс и Хенри Кондел, актери и пријатели на Шекспир.

После неговата смрт, двајцата ги собрале неговите драми, ги препрочитале и утврдиле точност на текстот пред тој да се печати одржувајќи жив спомен на Шекспир.

Instagram

Познато е дека постојат околу 235 примероци од „First Folio“ и не сите од тие копии биле комплетни. А засега се знае дека само шест целосни копии се во приватна сопственост.

Аукциската куќа проценила дека оваа копија би се продала од 4 до 6 милиони долари. Оваа книга е придружена со писмо напишано пред 200 години од Едмонд Мелоун, проучувач на Шекспир од крајот на 18 век и почетокот на 19 век.

Во писмото, Мелоун му се обраќа на Џон Фулер сопственикот на примерок „First Folio“ во тоа време, велејќи дека го прегледал текстот и со сигурност ја потврдува неговата автентичност.

Instagram

Затоа што Шекспир ги надминува националните граници, навистина како никој друг автор, секогаш беше малку изненадувачки што сè уште немаше копија во некои делови на светот“, изјавила Форд.

На пример, сè уште нема оригинални копии од оваа книга во Кина, Русија, Израел, па дури и во Данска – изјавила таа, „а ние го поврзуваме Хамлет, принцот на Данска, со таа земја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот