ЗАВРШИ СЕРИЈАТА ГЛАСАЊА: Хант и Борис Џонсон единствени кандидати за местото на Меј – Слободен печат
ВестиПланета

ЗАВРШИ СЕРИЈАТА ГЛАСАЊА: Хант и Борис Џонсон единствени кандидати за местото на Меј

Џонсон во последниот круг од гласањето доби 160 од 313 гласови и важи за голем фаворит во пресрет на изјаснувањето на околу 160.000 членови на Конзервативната партија.

По серијата гласања, Џонсон и Хант останаа единствени кандидати со најголема поддршка за нов заменик на позицијата на Тереза Меј, додека од трката се елиминирани министерот за екологија Мајкл Гоув и министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид.

Џонсон во последниот круг од гласањето доби 160 од 313 гласови и важи за голем фаворит во пресрет на изјаснувањето на околу 160.000 членови на Конзервативната партија. За Хант гласале 77 пратеници.

Победникот, кој на чело на партијата и на Владата, ќе ја замени премиерката Тереза Меј, ќе биде познат на крајот на јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close