Заврши првата фаза од реконструкцијата на „Пластичарска”

Eкипите на Град Скопје ја финализираа првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Никола Карев”, односно познатата „Пластичарска улица”.

Со нанесување на завршниот асфалтен слој, викендов, екипите на Град Скопје ја финализираа првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Никола Карев”, односно познатата „Пластичарска улица”, со што Скопје добива уште една современа сообраќајница која има четири сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило, соопштија градските власти.

– Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува 4 општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкцијата е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот, се додава во соопштението.

Градежните работи викендов се изведуваа на потегот  од крстосницата со ул. „Самоилова” во близина на Амбасадата на САД, до влезот во касарната „Илинден”, а со реконструкцијата на улицата од клучката Бит-пазар во вкупна должина од 1.440 метри, Скопје доби уште едно ново булеварско решение.

– На  улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација која не постоеше, а се изврши и целосна реконструкција и на другите подземни инсталации. Во тек е проектирањето на втората фаза која ќе опфати градежни активности на потегот од влезот во касарната „Илинден” до спојувањето со булеварот „Словенија”, како и изградба на голема клучка кај Тетовска трошарина, се додава во соопштението на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот