Затворено диво градилиште во Инџиково, на негово место ќе се гради градинка

Фото: Општина Гази Баба

Инспекторите на Општина Гази Баба заедно со преставници од Министерството за внатрешни работи утрово затворија градилиште во населеното место Инџиково, каде на државно земјиште се гради објект без потребната документација.

Согласно утврдените законски процедури, незаконски изградениот објект ќе биде отстранет и на тоа место општина Гази Баба ќе изгради детска градинка за жителите од Инџиково. Од првиот ден на мојот мандат за градоначалник на општина Гази Баба кажав дека компромис со спроведувањето на законот нема никогаш да правам – вели градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој е дециден дека нема да дозволи изградба на дивоградби во општината и тврди дека нема место за градежната мафија во Гази Баба.

Фото: Општина Гази Баба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот