Затворена модуларната болница во Скопје

Модуларната болница во Скопје се затвори по само два месеци работа. Неофицијално, причина е немањето кадар и услови. Официјално, нема пациенти.

Празни бараки, наместени кревети и по некое заборавено светло. Модуларната болница во Скопје се затвори по само два месеци работа. Неофицијално, причина е немањето кадар и услови. Официјално, нема пациенти, објави Телма.

Болницата ги прими првите пациенти во средината на октомври и за кратко време беше исполнет капацитетот од 75 места. Требаше да ја заштити Инфективната клиника од преоптовареност, сепак, два месеци подоцна, најголемиот товар продолжи да биде врз оваа клиника и  ковид центрите во останатите клиники.

Таму во последните 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти, а вкупно се лекуваaт 345  болни од Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот