Затворен цел севернокорејски град откако исчезнале 653 парчиња муниција

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди затворање на северниот град Хиесан, откако 653 парчиња муниција исчезнале за време на неодамнешното воено повлекување, потврдија извори за Радио Слободна Азија (РФА). Властите вршат потрага по муницијата од куќа до куќа во градот со околу 200.000 жители.

„Градот ќе остане затворен додека не се пронајдат сите 653 куршуми“, изјави жител на северната провинција Рајанганг, каде што се наоѓа Хјесан, за корејската служба на РФА под услов да остане анонимен.

Исчезнувањето на муницијата било забележано на 7 март, кога војниците на 7-от корпус на Корејската народна армија се повлекувале од областа околу градот, кој се наоѓа на границата со Кина, пренесува „Еуро Викли њуз“.

Војниците се стационирани таму од 2020 година за да ја спроведат одлуката за затворање на границата за време на пандемијата на коронавирус. Војниците прво не го пријавиле исчезнувањето на куршумите, туку самите се обиделе да ги пронајдат. „Но, кога не можеа да ги најдат исчезнатите куршуми, ги известија жителите и започнаа ригорозна потрага“, изјави жител на Рајанганг.

Тој додаде дека полицијата и војската го блокирале градот и претресувале куќа по куќа. „Оние кои виделе или подигнале било кој број куршуми, потребно е да пријават што е можно поскоро. Оние кои нема да пријават пронајдени куршуми може да бидат казнети. Нема трага ниту по 10 дена од почетокот на оваа истрага“, тој објасни.

„Министерството за државна безбедност, командата за воена безбедност на Корејската народна армија и Министерството за социјално осигурување издадоа особено силно предупредување против „грабеж, нелегално поседување или фрлање оружје, муниција и опрема за борбена технологија“ како што е наведено во Казнениот законик, член 78“, рече службеникот.

„Согласно тој закон, тој што неовластено поседува или пренесува огнено оружје или муниција ќе се казни со поправна работа подолго од три години“, рече тој. Жителите се загрижени дека доколку не се открие муницијата, властите по случаен избор ќе казнат некој кој можеби е целосно невин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот