Изгаснат пожарот во магацин на Железници Транспорт / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Затекнавме работилница без алат и кинески локомотиви кренати на канал, вели директорот на МЖ-Транспорт, Кошутиќ

„Лоша состојба е благо да се рече – затекнавме девастирана состојба, како во возниот парк, како во комерцијалниот дел, расположението кај вработените, кои немаше кој да ги насочи“, вели директорот на Македонски Железници – Транспорт, Дејан Кошутиќ, коментирајќи ја состојбата на фирмата која ја затекнал кога беше поставен на функцијата.

Тој во вечершното интервју во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека состојбата во претпријатието оттогаш е видно изменета.

„Благодарен сум на сите вработени во Македонски железници, од менаџментот, техничките служби, извршниот персонал. Морам, пред сè, да ги издвојам од делот Одржување, затоа што во изминатите месеци направија нешто што буквално беше на граница меѓу теорија и хипотетика. Работнилницата не личеше на ништо. Делови, алати нема, меѓутоа се мобилизираа веднаш кога почувствуваа дека ние, буквално фронтално ќе одиме во ресетирање на работата на Македонски железници – Транспорт. Работилницата проработе. Начекавме четири локомотиви, кинески, кои се релативно нови, од пред шест-седум години и она што го видов беше жалосно за гледање. Кренати на канал, без сменети тркала, без алат. Колегите од Одржување сами го направија алатот за да се сменат тркалата, затоа изгубивме два месеца“, вели Кошутиќ.

Тој додаде дека благодарение на тоа, сега компанијата има три оперативни локомотиви, а од април и четвртата ќе биде вратена во операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот