Застрелан на улица: Снимка од убиство на бизнисмен во Нови Пазар (ВИДЕО)

На снимката од безбедносните камери во населбата Јалија, во Нови Пазар е забележан моментот кога е застрелан и убиен С.Ј. од Косово.

Снимката е објавена на Јутјуб, а на неа може да се видат неколку мажи на улица и на паркинг во оваа населба.

На прв поглед ништо не укажува на тоа дека веќе следниот момент ќе се случи злосторство, но во горниот десен агол може да се види блесок за кој се претпоставува дека настанал од пукање од пиштол.

Според непотврдени информации од српските медиуми, пред убиството имало жестока расправија и тепачка при што напаѓачот употребил пиштол и испалил неколку куршуми во жртвата која починала на лице место. На снимката може да се види како неколку мажи трчаат по блесокот.

Идентитетот на убиениот уште не е официјално познат, а според неофицијални информации се работи за С.Ј., бизнисмен од Косово кој се занимава со превоз на патници и роба, кој во тој дел на Нови Пазар посетувал пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот