Застрашувачки работи кои биле допуштени во минатото (ПРВ ДЕЛ)

Ако мислите дека луѓето денес прават необични работи, би требало да го проверите минатото. Ќе видите дека нашите претци правеле дури и почудни работи, но сепак легални.
Еве некои застрашувачки работи кои биле допуштени во минатото.

Третман со кокаин

Пред 100 години, луѓето не го сметале кокаинот за штетен. Напротив, тој бил достапен во аптеките и се продавал без рецепт за лекување на кашлица и на забоболка. Исто така кокаинот бил препорачуван како седатив за децата. Како и другите лекови, и кокаинот бил рекламиран.

Праќање на деца преку пошта

flickr.com

Звучи како шега, но на почетокот на 20 век Американците можеле да си ги пратат децата преку пошта, а тоа било апсолутно законски. Праќањето чинело околу 15 центи ако нивното дете не тежело повеќе од стандардна пратка. Таквите „грижливи“ родители веројатно сакале да заштедат пари и затоа на ваков начин ги праќале своите деца кај роднините.

Надворешни кафези за бебиња

Во триесеттите години на минатиот век жичените кафези често биле користени кај британските семејства. Со помош на овие опасни конструкции децата можеле да дишат чист воздух додека нивните мајки биле зафатени со домашни работи.

Сомнителни методи за лекување

Во минатото докторите не знаеле за дезинфекција и употребувале чудни методи. Пуштањето крв било лек за сите болести, на пациентите им го сечеле јазикот за да се излекува пелтечењето, се изведувала лоботомија и се лекувало со електрошкови. Дури и најуспешните лекари од тоа време, како што е ортопедот Луис Сајри (на слика со пациентот) вршеле многу операции со смртоносни исходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот