Засега пријавени 329 кандидати за Нобеловата награда за мир: Меѓу кандидатите се и Доналд Трамп и неговиот зет Џаред Кушнер

Засега за Нобеловата награда за мир за 2021 година се пријавени 329 кандидати, што е најголем број досега и повеќе отколку рекордната 2016 година, кога на крајот вкупно биле пријавени 376 кандидати.

Досега се пријавени 234 поединци и 95 организации, и иако имињата на кандидатите не се соопштуваат, оние кои ги предлагаат кандидатите можат јавно да го објават името на својот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно е Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини, Коалицијата за иновации во текот на епидемија…

Меѓу кандидатите повторно се и Доналд Трамп, неговиот зет Џаред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ Мухамед бин Зајед ел Нахјан, Грета Тумберг, Алексеј Навални, белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобелова награда се чуваат во тајност, а можат да ги предложат членови на парламенти и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот