Заседава највисокото партиско тело на ДУИ, се анализира средбата што се одржа во средата помеѓу Ковачевски и Мицкоски

По средбата на претседателите на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ попладнево ДУИ одлучи да го свика највисокото партиско тело Централното претседателство во седиштето во Мала Речица.
Пред да започне денешната седница, партискиот портпарол Бујар Османи, истакна дека состанокот е закажан поради новите политичките случувања, а ќе се разговара, односно ќе се анализира средбата што се одржа во средата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски,
„Состанокот е поради последниот развој, по средбата на претседателите на ВМРО и СДСМ, позиците на ДУИ, барањата на ВМРО за едноетничка влада. Прво ќе разговараме, па ќе дадеме одговор. За нас е важен патот кон ЕУ, европската иднина на граѓаните, мислам попрецизни податоци ќе имаме по состанокот, изјави Османи, портпаролот на ДУИ.