Зариф ја повика САД да ги ослободи иранските истражувачи

„САД дури и одбиваат да спроведат медицински тестови среде епидемија на коронавирус на невините мажи, затворени во ужасни објекти”, додаде Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф ја повика САД да ги ослободи иранските истражувачи, приведени од американската влада.

„САД зедоа за заложници неколку ирански научници без да ги обвинат или станува збор за лажни обвиненија. Тие исто така не беа ослободени кога нивните (американски) судови ги отфрлија апсурдните обвиненија”, напиша Зариф на Твитер.

„САД дури и одбиваат да спроведат медицински тестови среде епидемија на коронавирус на невините мажи, затворени во ужасни објекти”, додаде Зариф, велејќи: „Ослободете ги нашите луѓе”.

Тој на Твитер сподели и линк до напис во „Гардијан” за иранскиот научник д-р Сирус Асгари, кој сè уште е во притвор во САД иако е ослободен од обвиненија.

Британските весник посочува дека истражувачот би можел да го добие коронарнавирус затоа што затворот во американската сојузна држава Луизијана, каде се наоѓа тој, не презел соодветни мерки за спречување на ширењето на болеста. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот